April 25, 2024

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И СПОРТИСТИ ЗА 2023 ГОДИНА

Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2023 година. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Основни услови за доделување на финансиска поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортистите во Општина Битола се:

да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
да ја реализираат програмата за развој на спортот;
да организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
да се грижат за унапредување на младите категори;
да учествуваат во национални спортски федерации или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
да се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;
своите активности и програми да ги реализираат на подрачјето на Општина Битола;
Детални информации за потребната документација за спортските клубови и спортските друженија и индивидуални спортисти се објавени на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-za-sportski-klubovi/.

Пријавите треба да се достават до општина Битола преку пошта на адреса: Општина Битола, Булевар 1 – ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 26.04.2023 година и трае заклучно со 10.05.2023 година.


1220