Избрани композициите за „Ех таа серенада“

Културно информативниот центар – Битола ги објави резултатите од конкурсот за избор на песни/композиција и текст / за годинешното издание на фестивалот на староградска музика за фестивалот „Ех, таа серенада“ 2023, во Битола.

Во својата објава за јавноста велат „Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. “

1 Најмил мој /Петар Миленковски Олга Наумовска
3 Пеам за тебе /Раде Стаматов Раде Стаматов
4 Чекај ме мила моја /Љупчо Трајковски – Фис Љупчо Трајковски – Фис
21 Копнеж /Ристо Крстевски Лидија Вишин
23 Една серенада /Петар Ѓеорѓиев Калица Петар Ѓеорѓиев Калица
26 Граду мој/ Давор Неќак Марко Виденовиќ
28 Океани /Милан Завков Орце Зафировски
29 Не знам веќе да сакам /Григор Копров Огнен Неделковски
33 Пајтонџија/ Михаил Марковски Никола В.Ристевски
46 Светни мила пенџере /Дејан Стоев Дејан Стоев
52 Не можам да си ја лажам душата /Кирил Стојчевски Валентин Соклевски
54 Бекрија/ Елена Ѓеорѓиева Елена Ѓеорѓиева
62 Врати спомени /Рамадан Рустемов Рамадан Рустемов
68 Марика од Јени Маале /Боби Поповски Боби Поповски
69 Сам по калдрма/ Александар Јовевски Борче Нечовски
70 Во офицерски /Сашко Савевски Сашко Савевски
71 Дојди на визита /Николче Мицевски Валентин Соклевски

На конкурсот се пријавиле еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставувало сериозен предизвик и одговорност. Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции.

Официјалниот датум на оддржување на фестивалот е 24.08.2023 на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола.


1203

Задолжително

Verified by MonsterInsights