Украински „политички коректни“ изрази

Украинската амбасада во Србија предизвика скандал кога на адресата на повеќе српски медиуми испратила имејл со наслов „Список на препорачана терминологија за руско-украинската војна“, кој содржи табела со точни и неточни зборови и изрази, кои, според нив, треба да ги користат српските медиуми во својата работа, пишува „Вечерње новости“ , а кај нас пренесува makfax.com.mk .

Па, така, според украинското МНР, не е во ред да се пишува „украинска криза – украински конфликт – војна во Украина“, туку треба да се пишува „руска агресивна војна против Украина – руска агресија против Украина“.

Украинското Министерство за надворешни работи наведува дека е погрешен изразот „обичните Руси не се одговорни за руските злосторства“ и нагласува дека „секој Русин е одговорен за руските злосторства во Украина сè додека ги поддржува режимот на рускиот претседател Путин и неговите постапки“.

Повеќе на https://makfax.com.mk/svet/region/%D0%BA%D0%B8%D0%B5%D0%B2-%D0%B8%D0%BC-%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%BB/

Извор / фото насловна : сопственост на Макфакс новинска агенција


1111

Задолжително

Verified by MonsterInsights