Сојузот на синдикати протестира за 8 часовно работно време , како пред 137 години

Сојузот на синдикати на Македонија во последната декада очигледно има причини за да ја гради традицијата на протести за време на 1 Мај. За денеска , во оваа 2023 година , ги повикаа своите членови и сите граѓани да им се приклучат на протестот за правата на работниците во Македонија.

„Сведоци сме дека власта без срам и чуство за одговорност ги убедува работниците дека за пораст на платите треба да се почека и сето тоа да оди постепено и бавно, за сметка на енормното покачување од 78% на нивните плати кое се реализираше веднаш и за кое носителите на власта нема потреба да чекаат.“

„Без срам и чувство на одговорност власта ќе направи робови од работниците во сопствената држава кои ќе работат 12 часа дневно само заради исполнување на нечии бизнис интереси, под превезот на национален интерес.“

„Сите овие причини, дискриминаторскиот однос на власта немањето на слух за егзистенцијалните потреби на работниците резултираа со голем број на штрајкови и протести организирани од работниците и синдикатите , пред се од ССМ и синдикатите здружени во ССМ.„

„ССМ изминатите 5 години ја води борбата за работнички права, а секоја година на 1 Мај, се поголем број на работниците, синдикалци, пензионери и граѓани излегуваат на улица на протест да го изразат своето незадоволство.
Оваа година на 1 мај, работниците и синдикатите во Македонија, за жал се борат за зачувувањето на цивилизациската придобивка на 8 часовен работен ден, кое Владата сака да го укине и да воведе 12 часовен работен ден или 60 часовна работна недела што треба да ги обедини работниците на протест, поради тоа што ваквата намера на Владата ја враќа Македонија 137 години во минатото.
Покачувањето на функционерските плати за 78% или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија Општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!
Ние синдикалците од ССМ, во 12 часот на 1 мај го започнуваме работничкиот протест, а се обраќам до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани,( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава, крајно време е да ни се придружат за заедно да го изразиме незадоволството.“ – велат во својот првомајски проглас ССМ.


1128

Задолжително

Verified by MonsterInsights