РЕК Битола пак на „планиран ремонт“ ?!

Сериозните проблеми во енергопроизводниот сектор и конкретно РЕК Битола очигледно е дека не престануваат.
Од ОК ВМРО – ДПМНЕ објавија дека РЕК Битола од вчера повторно работи со 2 блока.
Најпрвин пратеникот Силвана Ангелевска вчера се огласи на ФБ : „Блок 1 во РЕК Битола денес повторно исклучен. Сега очекувам дека ќе излезат со соопштение и ќе речат “планирани ремонтни активности”, а вистината е дека се скинати цевки во котелот. Ова е вкупно 15-ти застој на блоковите од почетокот на оваа година. Е што е многу – многу е! Се што допреа – уништија!“ – вели таа во својот ФБ пост.

На ова се наврза и ОК ВМРО-ДПМНЕ во Битола со своја реакција:
„Блок 1 во РЕК Битола денеска повторно не работи. Многу очекувано е почитувани граѓани повторно менаџментот на РЕК Битола да лаже дека станува збор за “планирани ремонтни активности”, а вистината е дека се скинати цевки во котелот.
Ова е петнаесетти по ред застој на блоковите од почетокот на оваа година. Само пред некој ден, лажеше, ни малку ни многу, лично премиерот Ковачевски, кога на пратеничко прашање зошто не работи третиот Блок одговори исто – редовни ремонтни активности. Вистината е, почитувани граѓани дека станува збор за “бетонирани” цевки во третиот Блок до кота 20, заради квалитетот на јагленот набавуван од Грција, Косово и Албанија. “

Во својата реакција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола уште соопштуваат дека според извештајот на Еуростат
„- Македонија има највисок раст на цената на електричната енергија во Европа за фирмите и големите потрошувачи
-во топ пет односно на четврто место сме по најскапа струја во Европа!
-Македонија има највисок раст на цената на електричната енергија од почетокот на енергетската криза од сите земји во регионот!
-македонските граѓани плаќаат најсакапа струја споредено со сите земји во регионот!“
Од ВМРО-ДПМНЕ велат „Оставката на Васко Ковачевски нема да ги подобри овие страшни факти, кои исклучиво се на грбот на граѓаните. И целото раководство во РЕК БИТОЛА да го натерате да си поднесе оставки сосема е бесполезно.“
Владата на Димитар Ковачевски и досегашното раководство на ЕСМ во екот на енергетската и екононска криза спроведуваа активности за енергетска транзиција, со која енергоснабдувањето во Македонија треба да биде од обновливи извори. Во таа насока државата планира да изгради две когенеративни гасни централи. Едната треба да биде во Битола, најпрвин како замена на Блок 1 на РЕК, кој се планира да биде целосно исклучен во 2025 година. А потоа , сите блокови треба да бидат заменети со гасни централи.
До објавување на оваа вест нема реакција од ЕСМ.
