Скандал: Адиљ Газафер, генерал во пензија: Сопругата не ја примаат на лекување во ”8 Септември”
Поранешниот заменик началник на Армијата на Република Македонија, генералот Адиљ Газафер, објави фотографија од неговата болна сопруга, која не била примена на лекување на Ургентото одделение во болницата ”8 Септември” во Скопје.
”Добро утро Македонијо. Еве како лекарите од Ургентен центар во ”8 Септември” со часови го оставаат пациентот и не го примаат во ниту едно одделение на лекување. Истиот неподвижен го враќаат дома”, напиша генералот на својот профил.
