Денеска отворање на Europe House во Битола

Со дебата на студенти од Правниот факултет денеска од 11.00 часот започнува формалното отворање на европското младинско катче кое ќе функционира во рамките на КИЦ-Офицерски.
Зад целосната реализација на „европската куќа“ во Битола стои Делегацијата на Европска Унија во Македонија. Центрарот е концептуално дизајниран , како збирно место за поттикнување дебата, соработка, вмрежување на различни профили на млади луѓе: претприемачи, млади иноватори и креативци.Вакви простори се формираат со цел да се привлече и пружи можност за т.н. младински сектор и да се стимулираат иновации, модернизираниот простор ги кани прогресивните поединци, групи, заедници и организации да се дружат, да создаваат и да презентираат нови идеи.

„Генералната платформа на Europe House има за цел да го зајакне гласот на младите во општеството, охрабрувајќи ги да играат поголема улога во идентификувањето и справувањето со предизвиците. Ентериерот е концептуално дизајниран да послужи како место за поттикнување инспиративна дебата и критичко размислување, стимулирање иновации и генерирање нови концепти, инспиративна соработка и вмрежување помеѓу младите и разни други сектори.“ – стои во објаснувањето на Europe House во Македонија.
