April 16, 2024

БУГАРИТЕ ЈА ЗАСИЛУВААТ ПРОПАГАНДАТА ВО МАКЕДОНИЈА – ЌЕ КУПУВААТ И ФОРМИРААТ МЕДИУМИ

Контраверзната Фондација ‘‘Македонија‘‘ на Виктор Стојанов неуморно ја засилува бугарската пропаганда во Македонија. Тој повикува на формирање нови или купување на веќе постоечки медиуми во Македонија преку неговата нова фирма која ја отвориле во Софија и која ќе функционира како акционерско друштво. Еве го неговиот апел преку социјалните мрежи кој Ви го пренесуваме во целост:

Ја започнуваме нашата општа кампања за бугарските медиуми во РС Македонија со регистрација на нашето општо Друштво со ограничена одговорност во Софија. Сопственоста и акциите ќе бидат според износот инвестиран од секој посебно. Нема да брзаме со регистрација на Ltd. но од денес ќе одредиме рок од 30 дена за да може да учествува секој од вас што сака.

Бидејќи имотот ќе биде ваш – одлуките – кои медиуми како да креирате/купите ќе бидат ваши. Се разбира, менаџментот на Фондация Македония има подготвен извештај и предлози, но на општите состаноци ќе одлучите како и каде ќе ги ставите парите што сте ги собрале за бугарските медиуми во РС Македонија

Досега Фондацијата Македонија има еден свој медиум во Македонија и подготвува уште неколку.

Ги замолуваме сите што сакаат да се вклучат да ни пишат во следните 30 дена – до 8 јуни, за да можеме потоа да го креираме ООД и да почнеме да работиме со големо бугарски медиумско присуство во Македонија!


1045