Битолски политички бранувања за парите во културата
Кој колку зеде и дали понудената културна манифестиација / израз и авторите им одговараат на другите. Се работи за програмата за култура за 2023 година на Општина Битола, чие финансиско обликување врз основа на јавен повик и апликации заврши пред еден месец, кога и беше објавена листата на проекти кои ќе бидат помогнати од Општината.
Вака некако може слободно да се толкува последната ФБ „престрелка“ на општинските ограноци од најголемите македонски партии во државата.
СДСМ најпрвин објави листа на битолски реномирани и етаблирани во своите области културни работници поединци и парите кои ги добиле за своите предложени проекти од областа на културата со коментар „Парите за културни настани што во најголем дел ќе завршат кај членови и симпатизери на ДПМНЕ се скоро три пати повеќе од вкупната сума што Коњановски и ДПМНЕ ја дадоа за субвенции за клима уреди !!!“ Објавија и фотографии на уметници, културни работници кои ги поврзаа со своето разбирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ како „арамиска, недомаќинска, лажнопатриотска, врховистичка , популистичка.“
ВМРО-ДПМНЕ пак возврати, „Личната дискредитација на уметник, јавно клеветење и навредување, дискриминирање и желба за целосно уништување на уметноста, без разлика кој ја создава, особено на оние кои не се дел од вашата деструктивна матрица на сите нас ни е повеќе од јасна. Прашуваме зошто во дискриминаторската листа на уметници чиј единствен грев е што припаѓаат идеолошки на ВМРО-ДПМНЕ, не ги споменавте институциите и невладините организации со кои раководат членови на извршниот одбор на СДС и вашата потпретседателка, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска? “ – па и тие наведуваат институции кои добиле пари во рамките на Програмата за култура на Општина Битола за 2023 година.
А како рамка на партискиот одговор по овааа реакција на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ пишуваат „Во една стара македонска поговорка се вели: “Зад добриот коњ прашина се крева…” „Зад коњот што стои во место, народот вели нема прашина туку зад него остава само нешто друго, а тоа не се ниту прашина ниту дела.“
Инаку, Програмата за култура на Општина Битола содржи неколку категории :
Традиционални настани/манифестации/фестивали и тоа
Одбележување на денот на ослободувањето на градот ,,4ти ноември” во 2023 година, Одбележување на денот на заштитникот на градот ,,Свети Нектариј битолски” во 2023 година ; Категорија: нови манифестации ; Категорија: саеми за презентација на општина Битола во државата и странство.
На крајот од објавените одобрени апликации Општината ги информираше заинтересираните дека предлогот на Комисијата станува конечен по истекот на периодот од 10 дена за поднесување на барања за појаснување и одобрувањето на конечната листа од страна на градоначалникот, најдоцна до 20 април 2023 година.
Подносителите на одобрените апликации, ќе треба да склучат договори за изведување на настаните, согласно наведените услови во јавниот повик, објавен од Општина Битола на 25.10.2022. – стои во соопштението на