September 28, 2023

Во организација на Гимназијата ”Јосип Броз Тито”-Битола, во преполната сала на Офицерскиот дом се одржа пригодна свеченост по повод 100 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност, Ацо Шопов. Покрај чествувањето на неговото дело, беше промовирана книга со препеви на повеќе јазици од учениците по компаративна книжевност – ,,Златен круг на времето”. Настанот го водеа учениците – препејувачи, а свое видео обраќање имаше и г-ѓа Јасмина Шопова, ќерка на Ацо Шопов. Книгата ја испечати Графо Пром Битола.


1239