April 17, 2024

Временска прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес и утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.


Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

УХМР


1023