Судската администрација најавува бел штрајк, со одлуката на Уставен се укинаа нивните додатоци на плата

Одлуката на Уставен суд за укинување на неколку одредби од Законот за плати, на функционерите им ги зголеми платите за 78%, но на судската администрација им ги намали приходите.
Оваа одлука на Уставен опфати некаде околу 5 до 6 илјади судски административци, велат од Независниот синдикат на државната администрација и Независниот синдикат на судската администрација. Двата синдикати побараа итно да се најде начин и да им се вратат додатоците од 35%.
Судските административци реализирале средба со претседателот на Судски совет, Сашо Георгиевски. Георгиевски вели дека побарал да бидат трпеливи до септември бидејќи тоа зависи од државниот буџет, но со тоа не се согласуваат синдикатите.
Судската администрација најавува бел штрајк односно пасивно работење доколку не им бидат вртени додатоците на плата овој месец.
