ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ ОПШТИНА БИТОЛА И ТАСКФОРЦЕ ЗА ЗАЕДНИЧКО УПРАВУВАЊЕ КК ПЕЛИСТЕР

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Извршниот директор на Таскфорце БПО ДОО, Ацо Додовски, денес го потпишаа договорот за заедничко вложување, управување и соработка во Кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола.

Со овој договор Таскфорце БПО ДОО се обврзува во следните три сезони да биде генерален покровител на Клубот и да ги исполнува условите од член 3 од договорот, додека општината останува 100 процентен сопственик на клубот и потребно е да постапува согласно договорените обврски.

На потпишувањето на договорот претходеше едногласна поддршка од страна на Советот на општина Битола.


1184