April 16, 2024

Дополнувањeтo на програмите треба да соодветствува на законски дозволениот сооднос на приходите и расходите

„Општина Битола со сите програми, како и со измените и дополнувањата на програмите и развојната програма, секогаш настојува да реализира проекти кои се во интерес на сите граѓани, вклучувајќи различни области, како од аспект на инфраструктурата, економскиот развој, спортот, културата, социјалната заштита и сите други области во надлежност на локалната самоуправа.

Советничката група на СДСМ знае дека при измени и дополнувања, како и при ребаланс на буџет, дозволени се одредени поместувања во програмите, кои одговараат на законскиот сооднос помеѓу приходите и расходите. Од таа причина, пренамена на над 200.000.000 денари, како што се наведува во соопштението на советничката група, значи обид за ширење невистини во јавноста, залажување на граѓаните на штета на општината.

Општина Битола, ги почитува предлозите на советничката група на СДСМ, нагласувајќи дека, секој проект може да биде дел од идните општински програми, при следното планирање на буџетот, а во овој момент, потребен е ребаланс за најголемите приоритети на локалната самоуправа, кои произлегуваат од претходното планирање и моменталните состојби во одредени области.

Локалната самоуправа, нема да дозволи нанесување штета на ниту еден отпочнат проект и сите ќе бидат реализирани во рамките на планираните буџетски средства, а планираните зголемувања (или намалувања на средства), нагласуваме: може да се движат во дозволениот сооднос. Доколку советничката група на СДСМ, предлагач на проектите за измени во буџетот, за истите има обезбедено дополнителни донации од одредени фондови, потребно е да достави официјално известување, за да може средствата да бидат вклучени за реализација на сите предложени проекти.

Општина Битола, го поздравува повикот на советничката група на СДСМ за вклучување на граѓаните со свои предлози во креирањето на општинскиот буџет, затоа што тоа е веќе востановена практика на општината што се потврди и со форумските сесии, организирани од локалната самоуправа на крајот на минатата година и достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/forumski_sesii_22/.

Како резултат на овие сесии и извршеното планирање во моментот се работи на ул. Зборска, Драгорска, СРУ 5, Егри, Оптичари, Лажец, населба Недопирливи, улична мрежа кон Долно Оризари, паркинг просторот кај улица Цане Василев, партерно уредување кај Офицерски дом, првата фаза од прифатилиштето за бездомни животни и на други локации.“

Ова реакција од Општина Битола објавенаа во целост е одговор на официјалниот став од советничката група на СДСМ во Битола дека ќе поддржат ребаланс на буџетот за :

„сите потребни средства за реконструктивни зафати во Спортската сала Боро Чулевски за да се исполнат критериумите Еурофарм Пелистер да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите,

100.000.000 денари за изградба на тартан атлетска патека на стадионот Петар Милошевски,

30.000.000 денари за патот од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружниот тек за Пелистер,

15.000.000 денари за канализациона мрежа во село Буково,

10.000.000 денари за канализација во село Лавци,

4.000.000 денари за изработка на проект за канализација за село Нижеполе и Дихово. На крајот во своето соопштение најавија дека ќе ги повикаат граѓаните да дадат свои предлози за проекти во градот.


1161