Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од вчера 14.06.2023 година започна проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос’’. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи(реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3,сообраќајот ке биде преусмерен преку регионалниот пат Р-1208. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02/ 25 61 502.


1103

Задолжително

Verified by MonsterInsights