15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на Битола
Во текот на изминатата вечер (15/16.06.2023)во периодот од 23.00-04.00 часот на подрачје на Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 15 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.