April 16, 2024

„Директор на СДС во ЈП КОМУНАЛЕЦ зеде кредит од 20 милиони денари за „недај боже““, ама платил и доспеани обврски

Со оглед на тоа што последните неколку дена сме сведоци на изнесување на невистистини за состојбата на ЈП Комуналец денес решив да ги согледаме и кажеме фактите. – ја започна неодамна својата прес конференција директорот на ЈКП „Комуналец“ од Битола Горан Степановски по повиците од политичката партија СДСМ за нетранспарентно работење и задолженост на претпријатието.

фото: Горан Степановски, директор на ЈКП Комуналец, Битола

„Фактите кажуваат дека на 14.12.2021 со превземањето на претпријатието беше во катасрофална финансиска и сотстојбата во возниот парк. Состојбата на сметката изнесуваше 6.4 милиони а само за плата без тековни обврски беа потребни повеке од 8 мил. “ – изјави во оваа прилика директорот Степановски.
„Незаконското работење на претпријатието во перидот од 17та до 21ва беше симбол на работење на ЈП Комуналец.“ – вели тој, па додава дека во моментот има неколку постапки против Менаџерскиот тим од тоа време каде што се надлежните органи испитуваат мегаломанските суми на трошење на средствата по повеќе основи.
„Околу катастрофалната финансиска состојба по превземањето е и фактот што наследивме и кредит со хипотека на имотот кој го поседува ЈП од 20 милиони денари од кој беше одобрен во 2018та од тогашното мнозинстовото во Советот на Општина Битола како што директорот изјави за „недај Боже“ .

Кредитот започнале да го отплаѓаат во март 2022 година со месечен ануитет од 800.000 денари што влијае на тековното работење на фирмата. Еден дел од кредитот бил потрошен за исплата кон добавувачи и за плати за вработените.

фото: режењето на гранките во рамки на пролетните редовни активности на ЈКП Комуналец


Уште еден факт засега споменува само Степановски: Цените на услугите на ЈП не се променети над 20години. Оттука , претпријатието неможе многу да маневрира со основниот буџет, а тоа е реална потшкотија во работењето за обнувувањето на возниот парк на пример.
И покрај сегашната тешка финансиска состојба правиме напори за обновување на возниот парк кој е еден од најгорливите проблеми на Јавното Претпријатие.

фото: од интензивното партерн уредување во дворот на Офицерски

„Сите овие факти доведоа до реална загуба од 22милиони денари за 2021ва година. Во перидот од 2022 и првите 5месеци од 2023та година е зголемен бројот на површини кои ги одржуваме а исто така и бројот на активности кои се извршуваат. Во текот на пролетниот период во 2023та година се посадени околу 1000 дрвја на територија на општина битола и можиме да се пофалиме дека имаме над 95% успешност од засадените. Исто така е засаден над 35.000 цветен расад во централното градско подрачје и градските паркови. “ – одговори актуелниот директор на ЈКП Комуналец , Горан Степановски.
Одговори и на критиките дека и во Комуналец како и во другите комунални претпријатија има превработеност . Исто така добро е да се спомене што за период од 4 години се вработени над 93 вработени што за мала разлика од периодот од 2006 до 2017 година бројот на нововработени е значително помал. ЈП во последните 12 месеци два пати ги зголеми платите на вработените минималната за 28% а додека просечната над 20%.


1215