Временска прогноза
Денес и утре краткотрајно ќе биде постабилно и значително потопло. Во среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови локален пороен дожд и појава на грмежи, а во деновите кон викендот ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер повремено и во останатите делови од земјата.
Температурата на воздухот ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
УХМР предупредува на можни локални излевања во горниот дел од сливот на р.Вардар (Полошката Котлина, Тетовско-Гостиварскиот регион, слив на р.Лакавица и др.), како и на висок водостој на р.Вардар во Скопскиот регион и низводно во Башино Село и Велес. Исто така, локални излевања се можни и во сливот на р.Треска.