БНТ од „ВојданЧернодрински“ се врати со 5 награди, театарот го најавува деветтото издание на Шекспир фестивал

По успешното претставуваање на Битолски Народен Театар на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински, денеска доаѓа најавата за 9 Шекспир фестивал.

„Со задоволство Ви го најавуваме отворањето на деветтото издание на Битола Шекспир Фестивал.
На 23.06.2023 година во 20.оо ч, во режија на добро познатиот Никита Миливојевиќ, ни доаѓа ALL STAR регионална екипа на актери. “ – објавуваат денеска од театарот на својата ФБ страница, со неколку видео-клипови од актери кои цитираат делови од драмски текстови.

Според оваа најава деветтото издание на Битола Шекспир Фествал ќе биде отворено со претставата продукција на Шекспир Фестивал Србија, Српско Народно Позориште – Нови Сад, Белградски Драмски Театар, Будва Град Театар, Ујвидеки Шинхаз, во која играат Аница Петровиќ, Невена Неранџиќ, Маја Стојановиќ, Јелена Симиќ, Дејан Џоновиќ, Бранислав Јерковиќ, Арпад Месарош, Милован Филиповиќ, Милан Зариќ, Ивана Панчиќ Добродолац/Соња Кеслер, Понго Габор, во Адаптација и режија Никита Миливојевиќ Кореографија/Музика Амалија Бенет Сценографија Никита Миливојевиќ/ Жељко Пишкориќ и Костими Јелена Стокуча.

Синоќа пак пред преполната сала во Прилеп се затвори 57от МТФ “Војдан Чернодрински” – Прилеп , НТБ ,,се врати дома” со вкупно пет награди.

  • Наградата за рекламен материјал отиде во рацете на Сашо Илковски
  • за музика кај Драго Ивануша,
  • за главна женска улога беше наградена Илина Чоревска за улогата на Медеја,
  • за режија Себастијан Хорват за ,,My name is Medeja”,
  • за најдобро театарско оствараување во целина беше прогласена нашата претстава
    ,, Му name is Medeja”.
    Уште еднаш НТБ се врати дома како победник, што не задолжува уште повеќе за следната година. Честитки до сите наградени, да живее театарот!

Извор: БНТ


1174

Задолжително

Verified by MonsterInsights