Бесплатен курс по македонски јазик во Измир, Република Турција

Вчера во Измир, Република Турција, заврши курсот по македонски јазик, кој беше бесплатно организиран од страна на здружение “EGE MAKEDONYA GÖÇMENLERİ DERNEĞİ”. Наставата, која започна во јануари 2023 година под менторство на г-дин Ќамуран Арслановски, заврши со доделување на сертификати за постигнатиот успех на курсистите. Речиси сите ученици потекнуваат од Република Македонија и конечно ова здружение им ја исполни желбата да го научат јазикот на земајата каде се родени нивните предци.

Здружението изрази бескрајна благодарност до г-дин Ќамуран АРСЛАНОВСКИ, кој беше предавач на курсот по македонски јазик, како и до сите курсисти за нивниот интензивен интерес,  посакувајќи им денови полни со здравје, благосостојба и успех.

Мустафа Кемал Узункаја, претседател на здружението,  во име на Управниот одбор, им честита на курсистите за стекнатото знаење и добиените сертификати.


1158

Задолжително

Verified by MonsterInsights