Општина Битола објавува: Јавен повик за поврат на средства за енергетски ефикасна дограма за домаќинства

Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, на барателите за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на нова ПВЦ или алуминиумска дограма, Општина Битола ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Потенцијални добитници на надоместок се единствено лицата со живеалиште во Општина Битола кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма од 21.06.2023 до 12.07.2023 година и кои ќе ја поднесат целосната документација наведена во точка 2.1 од овој Јавен повик.

Фото: ПВЦ прозорци, сопственост на Salamander Bitola

На Јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и на огласната табла. Повикот трае од 21.06.2023 година до 12.07.2023 година и за истиот може да се аплицира на шалтерите во Општина Битола.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-pvc/

Ова е еден дел од двојниот јавен повик за поврат на средства од Општината наменет за создавање енергетски ефикасни станбени објекти во општината.

Извор: Општина Битола


1177

Задолжително

Verified by MonsterInsights