April 16, 2024

Започна замена на секундарна и терциерна водоводна мрежа на ул. Драгорска


Денеска ЈКП „Водовод“ ги започна работните теренски активности на улицата Драгорска, дел од програмата за реконструкција на улиците на Општина Битола. .
Според проектот, треба да се изврши реконструкција на водоводна мрежа со должина од 522 метри.


Реконструирани се секундарната и терцијална водоводна мрежа на профил 2, со што се врши замена на ПВЦ ф-90мм со ф-110мм и поцинкувани приклучоци со полителински црева.

Вкупната вредност на овој проект, вклучувајќи ја водоводната мрежа, канализационата и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари. – информираат од ЈКП „Водовод“


1122