Сообраќајна незгода кај ‘Новиот пазар’ во Битола
Вечерва пред комплексот ‘Нов пазар’ во Битола, на ул.’Васко Карангелевски’ се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа автобус марка ‘Исузу’ во сопственост на РЕК Битола и моторно возило марка ‘Шевролет Спарк’. Исходот е повредени лица кој се хоспитализирани во Клиничка болница Битола, а до несреќата дошло поради неприлагодена брзина на Спаркот.
На лице место пристигнаа екипи на битолската пожарна и сообраќајната полиција која направи увид и го регулираше сообраќајот.