Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Предупредување:

Од денеска до 8.07.2023 затворена за сообраќај е делницата Велес-Градско (во н.м.Градско) во период од 8.00ч до 18.00 ч, поради вградување на асфалт, дел од проектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“.

Од вчера (3.07.2023) целосно затворен за сообраќај од 10.00ч до 14.00ч е патот Струга-Дебар и тоа кај с. Глобочица и с. Луково. На регионалниот пат Р 1201 е извршена промена на режимот на сообраќај поради асфалтирање. Посебниот режим треба да е активен до 8.07.2023 година.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

недела од 07:00 до 22:00 часот.

Извор: диспечерски центар ЈП ОЗМРП


1106

Задолжително

Verified by MonsterInsights