April 16, 2024

Со запишување на Факултетот за психологија ќе се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење

На Факултетот за психологија за додипломски студии акредитирана е студиската програма Општа психологија (4+1). Студиите се четиригодишни, односно носат 240 ЕКТС кредити.

На студиската програма Општа психологија, тимот од докажани професионалци ќе ви овозможи да се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење кое без сомнение ќе ве подготви да одговорите на сите потреби на луѓето со кои во иднина ќе работите.

На оваа студиска програма ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.

Предметите опфаќаат продлабочени содржини од повеќе дисциплини на психологијата кои ќе ви овозможат да ја согледате интеракциската врска помеѓу средината и однесувањето на индивидуата, ќе научите повеќе за комуникацијата помеѓу луѓето, следење на промените и проблемите… Истовремено предметите треба да им помогнат на студентите да развијат вештини за примена на тие знаења во психолошката практика.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети.

По подготовката на дипломскиот труд ќе се стекнете со стручен назив дипломиран психолог.

https://msu.edu.mk/fakulteti/fp/dodiplomski/op/?fbclid=IwAR0s-uJ5_1wrVi_B75HN-BE8blTFe944yyXhGnX2CnF2qWQgbx5qHbC3RZM


1083