Сметките за вода од ЈКП „Водовод“за месеците јуни и јули се планирано испратени истовремено
ЈКП „водовод“ од Битола денеска до јавноста испрати известување, дека сметките за потрошена вода за летните месеци јуни и јули , според долгогодишната пракса се изготвени и доставени до корисниците истовремено . Според состојбата на мерачите службите на претпријатието кои ги „читаат“ водоводните мерни саати, граѓаните нема да имаат никаков проблем со плаќање за реално искористената вода.
Во известуавњето се вели:
„Се известуваат сите корисници на услугите на ЈКП “Водовод” – Битола дека поради летниот период како и минатогодишната пракса, сметките за потрошена вода за месец Јуни и Јули се изготвија и доставија истовремено.
Наша препорака е, сметката за месец Јуни да се плати до крај на месец Јули додека пак, сметката зa месец Јули ќе се израмни со крај на месец Август.
За секоја подетална информација обратете се на контакт броевите:
072 917 100/101/102
Од напред Ви Благодариме за разбирањето.
ЈКП Водовод Битола