Самит на НАТО за 2023 година

Од денеска во Вилнус, Литванија лидерите на НАТО се состанаа на самитот на Алијансата за 2023 годија, а треба да се договорат за да се справат со најитните предизвици за Алијансата, дополнително да ја зајакнат одбраната на НАТО и да ја приближат Украина до Алијансата.
Аналитичарите коментираат дека НАТО во моментов се соочува со најопасната и најнепредвидливата безбедносна состојба од Студената војна наваму. Како Алијансата ќе продолжи да ги штити своите една милијарда граѓани и секоја педа од сојузничката територија?
Литванија е домаќин на Самитот на НАТО во Вилнус ,состаноците ќе ги претседава генералниот секретар на НАТО, а се одржува во LITEXPO – Литвански изложбен и конгресен центар.
Самитот ќе трае два дена, а на 15 овој месец состанок ќе одржат министрите за одбрана на земјите членки.


1089