Во Македонски Брод отворен Младинскиот еко камп “Порече 2023”

Борбата против климатските промени започна и од Македонски Брод.
Вечерва од градскиот плоштад градоначалникот, Жарко Ристески, го прогласи за отворен Младинскиот еко камп “Порече 2023”.
Четириесетина учесници од многу градови од целата земја, членови на еколошки друштва, како и од Македонски Брод, наредните четири денови ќе реализираат тематски активности во просториите на интернатот на “СОУ Св. Наум Охридски” и теренски посети на значајни локалитети на нашата општина.
Кампот се организира и реализира со заеднички напори од страна на ДЕМ – Движење на екологисти на Македонија, Општина Македонски Брод, Еколошкото друштво “Треска” од Македонски Брод и СОУ “Св. Наум Охридски”.
На отворањето на кампот беа потпишани Меморандуми за соработка помеѓу ДЕМ и Општина Македонски Брод и ДЕМ и СОУ “Св. Наум Охридски” од Македонски Брод.


1453

Задолжително

Verified by MonsterInsights