April 25, 2024

Алкараз стана најмладиот победник на Вимблдон, по Борис Бекер

Шпанецот Карлос Алкараз за прв пат во кариерата триумфираше на тенискиот турнир во Вимблдон.

Светскиот рекет број 1 до првиот трофеј на третиот Гренд слем во сезоната стигна по жестока борба во пет сета со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6 и 6:4 во меч што траеше 4 часа и 43 минути.

Дваесет годишниот Алкараз стана најмладиот победник на Вимблдон по Борис Бекер кој во 1986-тата до трофејот стигна со 18 години.

Од друга страна Ѓоковиќ не успеа да стигне до 24. Гренд слем трофеј и да го израмни рекордот на Маргарет Корт, а остана и без осмиот пехар на Вимблдон со што ќе се израмнеше по бројот на титулите со Роџер Федерер.


1038