Пронајдени и одземени нелегално исечени дрва
На 17.07.2023, во рамки на „Безбедно лето 2023“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведоа акциска контрола, при што на ул.„Караорман” во Битола беа пронајдени и одземени нелегално исечени дрва. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.