Огнот се приближил до куќите на Родос, Крит утринава погоден од земјотрес

Временската катаклизма на Балканот продолжува со високи температури кои во Грција се претставени како причина за големите шумски пожари. Иако се претпоставува, засега без конретни показатели, дека пожарот на Родос е подметнат.


Нивниот интензитет ги натера грчките власти да реализираат голема евакуација на населението и туристите , како што пренесуваат локалните медиуми, незапаметена досега.
Акции за гаснење на огнот се вл континуитет десетина дена во Агиос, Крф, Каристос и Родос. Денеска дошло до пожар во Асклепион на Родос кадешто огнот сериозно се приближил до куќите.
Во најголемата евакуација во историјата на земјата, од пожарната зона биле спасени околу 20.000 туристи и локални жители, пишува „Политика“ ( https://www.politika.rs/). Зафатени се хотели и помали капацитети за сместување, а на помош во евакуацијата се припадниците на елитната воена единица „Лео“. Околу 3.000 туристи биле евакуирани од плажите со чамци, а останатите со автобуси, камиони и приватни автомобили.

Фото: слика од екран, сопственост на Global News

За нив е обезбедено засолниште во спортски сали и достапни хотели, многумина ноќеваат во своите автомобили. Жителите на Родос ширум ги отворија вратите и ги пречекаа туристите под нивниот покрив. Покрај тоа, тие им помагаат со носење храна, вода, овошје и зеленчук, обидувајќи се да останат добри домаќини во катастрофата што го снајде островот. На социјалните мрежи се појавија многу пораки со благодарност до Грците. На „Твитер“ туристите опишуваат како, иако и самите се исплашиле од пожарот што се приближувал, Грците ги качиле во автобуси и камиони, им давале сендвичи, домашни пити, овошје и вода.

Фото: пожарот ги опустоши шумите на Родос, сопственост на Times Now


На Родос традиционално летуваат британски туристи, па процесот на евакуација од денеска е „проширен“ – многу туристички агенции кои испратиле туристи на островот, сега преземаат акции за вонредно пренесување на своите туристи дома.

Сепак со друг проблем од утринава се соочува населението и туристите на Крит.

Регистриран бил земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала. Детаљите се очекуваат подоцна во денот, но се престпоставува дека нема жртви ниту поголема материјална штета.


1173

Задолжително

Verified by MonsterInsights