ЈКП Нискоградба набави камион за чистење на помали канализациски системи

Зоран Талевски, директор на ЈКП Нискоградба денеска во присуство на советници го претстави на јавноста новото возило во возниот парк на ова претпријатие со кое ќе се одржуваат, чистат помалите канализациски системи во градот.
„Ја промовираме машинаа која Нискоградба ја набави со донацијата на Советот на Општина Битола, а воедно и да се заблагодариме до сите совенички групи кои гласаа да ја добиеме. По пат на јавна набавка ние набавивме една машина за чистење на помали канализациони системи, односно приклучоци за индивидуални станбени згради како и сливници во градот, приклучоци 100 до 160 Фи/200 мм, прклучоци кои често умеат да предизвикаат проблем со затнување и мораше да се чистат рачно. Со оваа машина работата многу се поедноставува, а тоа подразбира дека квалитетот на услугата е подобар. Цената на машината марка Хонда е 490.000 денари. “ – дече денеска пред новинарите директорот Талевски.
Средбата со медиумите ја искористи и за информации кои се однесуваат на директните услуги кои ова јавно претпријатие ги нуди на граѓаните. Најпрвин дека прво од јавните комунални претпријатија за граѓаните нуди електронска достава на месечните сметки . „ Како информација за граѓаните кои плаќаат на платформата за електронска наплата на сметките, со поплнување на прашалникот се секнуваат со правото да сметките ги добиваат во електронска наместо во хартиена форма. Бенефитот е многустран, еколошки, намалени трошоци итн. “ – вели Зоран Талевски.
Јавното комунално претпријатија „Нискоградба“ ќе се вклучи во подигнувањето и одлагањето на градежен шут што често е причина за создавање на диви депонии од страна на граѓаните кои спроведувале некакви градежни работи во своите објекти.
Талевски рече: „ Нискоградба поактивно ќе се вклучи во овој сегмент, сите граѓани кои во летниот период прават ситни поправки по домаќинствата , да не го одлагаат отпадот покрај контејнерите и да го фрлаат на несоодветни места односно да не користат услуги од диви и нелиценцирани одлагачи на отпадот, туку да се јавуваат во Нискоградба и за доста поповолни цени од тие кои владеат на пазарот ќе ја добијат истата услуга при што градежниот шут ке биде одложен на соодветно место и нема да се создаваат диви депонии. “
За илустрација, за подигање на градежен шут во колочина до 2 кубни метри Нискоградба наплаќа 1.000 денари што е под актуелните пазарни цени.
Услугата ја воведуваме заради спречување на ваквите појави и во насока на зачувување на здравата животна околина, амбиентот во којшто живееме . – рече денеска зоран Талевски, директот на ЈКП „Нискоградба“ од Битола .
За сите информации детаљни информации гражаните може да добијат преку социјалните мрежи или со директно телефонско јавување во претпријатието.


1827

Задолжително

Verified by MonsterInsights