Македонците иселеници од Трново со единствена порака – прекинување на сите преговарања и договори кои се штетни по македонскиот идентитет и сувереност

Во црквата Св. Богородица изградена 1837 година , разурната во Првата светска војна па повторно изгадена во 1926 од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД се одржа 52та по ред Семакедонска средба. Стотици Македонци иселеници во земјите од светот доаѓаат во родната земја и присуствуваат на овој собир во Матица на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Во услови на засилена политичка офанзива од земјите од кои доаѓаат иселениците кон чекорите кои се бараат од државата за членство во Европска Унија, говорниците во официјалниот дел на собирот побараа прекинуваена сите преговори и раскинување на договорите кои се штетни по македонскиот идентитет и сувереноста на државата.

„Годинава одбележуваме 75 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, 74 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која најголеми жртви беа Македонците и нивните деца. Голем број Македонци загинаа, а уште повеќе беа насилно прогонети. Не’ има на сите меридијани на земјината топка, далеку од своите родни огништа во Беломорскиот дел на Македонија. Остануваме посветени за трајно решение на македонското прашање и за враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија: И од Балканските војни 1912-1913 и од таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година! За жал, Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година е продолжение на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, со неа се легализира окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кој продолжува и денес! Бараме безусловно еднострано раскинување на Договорите со Атина и Софија и безусловно еднострано распуштање на комисиите со Грција и Бугарија за ревизија на македонската историја! Бараме Софија и Атина да ги признаат Македонците, македонскиот јазик и државата Македонија! Ја отфрламе француско-бугарската Преговарачка рамка од 30 јуни 2022 година за членство на Македонија во Европската Унија, го отфрламе Протоколот од 17 јули 2022 година за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година“. – рече Александар Јаневски,претседател на Сојузот на здружениејата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Од централната власт немаше ниту еден политички претставник, а отсуствуваа и локалните политичари поврзани со парламентарните партии кои ги туркаат најавените уставни измени кон македонско членство во Европската Унија.


1930

Задолжително

Verified by MonsterInsights