Пожарот кај Богданци сеуште ги мачи пожарникарите
Пожарникари, единици на Центарот за управување со кризи и полицијата сеуште се обидува да го угасне пожарот кај Богданци, кој веќе 24 часа уништува нискостеблеста деградирана шума и сува трева. Напорите за целосно гаснење биле прекинати во текот на ноќните часови, но поради ветровите пожарот сеуште создава проблеми.
Започна вчера околу 11.00 часот, а интензивно продолжи во текот на попладневните часови кога се користел и полициски хеликоптер опремен за гаснење на пожар. Дирекцијата за заштита интервенира со два ЕР трактори . Вчера попладне биле исфрлени 17 тони вода, по што пожарот бил локалкизиран, и се спречило неговото ширење кон пределот каде се поставени ветерници. Напорите продолжиле утринава од 6.00 часот и сеуште траат. Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

Фото: МВР