May 21, 2024

Пензионерите од Македонија од вчера исправени пред желбата на владата да работи по Устав

Сега и одма линеарно покачување за 3.500 денари за сите пензионери.
Бесплатни лекарства за хроничо болните со статус пензионери
Најниската пензија да биде еднаква на минималната плата
Државата да им даде по 3кубни метри огревно дрво или пари за надомест на струја во зимскиот период и
Покачување за 87% со образложение – ако има за функционери има и за пензионери.


Ова се бараањата на пензионерите од Кочани, истакнати на транспарент на заедничкиот протесто што пензионерите го напаравија вчера во Скопје.
18.000 денари минимална пензија и 8.000 денари зголемување на пензиите побараа битолските пензионери. Најмалата пензија е нешто помалку од 13.000 денари, а има и пензионери со пензии пониски од тоа.


Математики, објаснувања, емоции, отвореност за сопственото секојдневие манифестираа пензионерите на големиот протест во Скопје кадешто се обединија од сите градови во државата. Бараат правда од државата преку вреднување на нивниот вложен труд во нејзиното градење , а преку пензиите кои сега ги добиваат.
Битолските пензионери неколкупати го направија сличниот протест, најпрвин преку отворена средба со медиумите, потоа со протест пред просториите на Здружението на пензионери, а викендов и со голем протест на плоштадот Магнолија.


Од протестите и реакциите видливо е дека раководствата на Здружението на пензионери се директно инстируирани од власта, којашто и покрај двенеделните протести во различни градови во државата, немаат никаква официјална реакција кон нивните барања. Според информациите во националните медиуми, непосредно пред завршувањето на протестот пред Министерство за труд и социјална политика со неколкумина претставници се сретнала и министерката Јованка Тренчевска. Таа им кажала дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.


1088