April 25, 2024

Рускиот амбасадор во посета на Битола

Делегација од амбасадата на Руската Федерација на чело со Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин ја посети Битола по повод манифестацијата “Денови на Ростковски“ која се одржа по јубилејен 10-ти пат во организација на Здружение за македонско руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски“. Настанот се одржа на 18.08.2023 год. по повод 120-годишнината од смртта на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски (1860-1903).

Манифестацијата започна со полагање на цвеќе на споменикот “Руски крст“ во градскиот парк во Битола, каде што на присутните се обратија Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација г-дин Сергеј Баздникин, професорот Александар Стерјовски и г-дин Пеце Гаштаров. Aктивностите продолжија во Буковскиот манастир, кој што бил летна резиденција на Конзулот Ростковски, каде проф. Драги Анастасовски одржа пригоден говор пред плочата посветена на конзулот Ростковски, а потоа се одржа панихида во чест на трагично загинатиот конзул, кој својот живот го изгуби во времето на Илинденскот востание.

Делегацијата на амбасадата на Руската Федерација ја посети и просторијата посветена на конзулот Ростковски која се наоѓа во склоп на манастирот.


1229