Средба Ковачевски – Ескобар: Евроинтеграциите се клучни за перспективите на Северна Македонија и граѓаните и од геостратешко значење за стабилноста на регион и Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Кренар Лога, министер за правда, како и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, придружуван од Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД во земјава и други претставници од американската амбасада.

На состанокот е разговарано за важни актуелни прашања, што се од значење за перспективите на македонските граѓани и за Република Северна Македонија, како и за геостратешки прашања од значење за стабилноста на Европа.

Заеднички е ставот дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија.

Извор: Влада на РМ


1152

Задолжително

Verified by MonsterInsights