Нова победа во ММА за Игор Додевски и Нинџуцу клубот Битола
Во Србија Бујановац се одржа GFC 9 традиционален ММА турнир за ММА на кој Нинџуцу клуб Битола зеде учество со еден борец и издвојува професионална ММА победа против борец од Белград, Ахилеј боречка академија со завршница гушење во прва рунда после 2.5 минути борба.
Игор Додевски ги одмери силите со Петар Жарич во категорија до 63кг. Жарич беше до сега со 6 ММА победи, непоразен и Игор успеа да го совлада школски и рутински и му го зададе првиот пораз. Борбата започна уште на мерење со провокација од страна на српскиот борец кој сакаше да предизвика страв кај Игор турајќи го, но напротив тоа предизвика дополнително мотивација плус за да Игор оваа борба ја одработи во вистинско светло и без поголеми потешкотии дојде до нова победа.

Веќе во месец Октомври се очекува турнирот ‘GFC 10’ и клубот од Битола ги спрема борците кои ќе земат учество.

Благодарение на нашите спонзори успеваме да продолжиме успешно напред до нови достигнувања и промоција на нашиот град Битола и нашата Македонија. Голема благодарност до KROMBERG & SHUBERT Битола, HELIOS MEDIKAL Скопје и URBAN PLANNERS Гостивар кои се дел од сите наши проекти.