September 28, 2023

Вчера во Штип во дворот на црквата Св.Константин и Елена во населбата Балканска,свечено и достоинствено се одбележа 8-ми септември Денот на независноста на Република Македонија,се одбележаа и 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција во делот на егејска Македонија,како дел од прославата беше и Шестата средба на децата бегалци.

Настанот го организираше Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова”од Штип ,во соорганизација со Сојузот на здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија “Македон”,општина Штип и ДПС Лисец од Штип.

На настанот присуствуваа сите сродни здруженија од Македонија ,гости од егејскиот дел на Македонија, гости од пиринскиот дел на Македонија,од општина Пустец Преспа,гости од Штип,населбата Балканска,градоначалникот на општина Карбинци господинот Виктор Паунов, пратениците во македонското Собрание Сајкоски Горгија и Рашела Мизрахи,поранешните пратеници Светлана Карапетрова и Лилјана Затуроска,Здружението на борците од Штип, Здружението Бедем.

Водител на настанот беше Величе Николова,химната ја испеа пеачката Марија Атанасова ,која настапи на ланскиот Макфест.

Гостите ги поздрави претседателот на Мирка Гинова од Штип Стојан Димков,поздравни говори имаа и Сајкоски Горгија пратеник и Генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, претседателката на советот на град Штип Весна Кожинкова Карагунова, архимандритот Никодим Царкњас од С’бтско, Кирил Иванов од ОМО Илинден, претседателот на Македон Александар Јаневски.

Специјални гости кои го поздравија настанот беа Ивана Цветковиќ од Лесковац Република Србија (по потекло од Вмбел Костурско) и Ристо Таков од Канада(кој е роден во Пожарско, а своевремено живеел и во Штип).

Свеченоста ја збогатија:Марија Кукубајска,која рецитира една своја песна за Македонија “Македонија те сакаме во сите твои бои”,прекрасен настап имаа и две културно уметнички друштва од Битола”Гоце Делчев” и културно уметничкото друштво од Новаци.

На крај имаше општа веселба за која помогнаа дел од новоформираната музичка група од Штип “Егејска рапсодија” и пеачите Васил Чамов и Марија Димкова.

Се заблагодарувам на сите кои помогна во организација на настанот: на членовите на Здружението Мирка Гинова од Штип на членките на Сојузот Македон, градоначалникот на општина Штип господинот Иван Јорданов советот и советничката група на општина Штип претседателката Весна Кожинкова Карагунова, советниците Душко Иванов и Весна Ушинова, на Александар Санев од Лисец.

Пораката од овој собир беше:

ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

+


1138