„Кога ќе стивне прашината“ – промоција на книгата на Јасмина Атанасова во Офицерски

Уште една битолчанка својот внатрешен свет ќе го разголи преку прозно дело. Ни претставува особено задоволство да ја најавиме промоцијата на книгата „Кога ќе стивне прашината “ во издание на „Восток“ од Јасмина Атанасова. Петок 22.09.23 Офицерски дом – КИЦ Битола во 19.00 ч.
Некои работи имаат свој убав почеток…таков е и овој. Магијата на раскажувањето исткаена во душата и мислите на авторката Јасмина Атанасова. Таа не само што пишува туку и инспирира на создавање нов, сопстен свет, каде секој еден би бил свој личен херој. Ве покануваме на промоцијата на прва книга на Јасмина Атанасова •Кога ќе стивне прашината•

Извор: КИЦ


1171