Претрес во Битола, пронајдена марихуана

Денеска СВР Битола информира дека во текот на вчерашниот ден (20.09.2023) во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Д.(33) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три ќеси или околу половина килограм марихуана. Лицето било приведено во полициска станица Битола, по што било предадено на судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор .
Извор: СВР Битола
