ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ – в петок 22 септември, градски парк,од 10.00часот
Мини трка со велосипеди, музика, доделување на благодарници… овие се дел од активностите со кои в петок ( 22.09) од 10.00 часот во Градскиот парк во Битола, ќе се одбележува „Европската недела на мобилност “Ден за велосипеди”.
Кампањата промовира промена во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен превоз и други чисти, интелигентни транспортни решенија. Годинава учествуваат 2820 градови од 43 земји во светот.

Одбележувањето на оваа водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност е отворена за учество на граѓаните, а ќе учествуваат и СВР Битола, Општински совет за безбедност на сообраќај-Битола, Универзитет Климент Охридски Битола, ОО Црвен крст -Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 Мај,Народна техника Битола, Општински совет за превенција на детско престапништво -Битола, Училишни сообраќајните единици.
Темата на ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ за 2023 година е „Заштедете енергија“. „Зошто е важно да се заштеди енергија преку одржлива урбана мобилност? Бидејќи енергетската и мобилната сиромаштија се зголемуваат поради повисоките трошоци за жителите и бизнисите низ Европа. Во меѓувреме, функционирањето на јавниот транспорт продолжува да биде висок трошок за градските буџети – намалувањето на овој трошок преку енергетски ефикасен транспорт ќе ги поддржи достапните и одржливи транспортни инфраструктури.“-стои во информацијата на Европската комисија.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на настанот, ако немате велосипед, доволно е во паркот стигнете без вашиот автомобил.
Извор: СВР Битола / https://mobilityweek.eu/
