Внимателно! Деновиве полицијата изведува вежби за боево гаѓање во пелагониски места

Од СВР Битола известуваат и предупредуваат дека денеска (21.09.2023,четврток) со почеток од 08.00 до околу 12.00 часот на место викано „Билбил Камен” ,битолско ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на полицијата.
Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон, односно во непосредна близина на стрелиштето.
Боево гаѓање полицијата ќе изведува уште двапати во текот на оваа недела :
Ве известуваме дека на 23.09.2023 со почеток од 08.00 до околу 12.00 часот на место викано „Присој“ – с.Суводол, демирхисарско ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на резервниот состав на полицијата .
Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон односно во непосредна близина на стрелиштето.
Ве известуваме дека на 24.09.2023 со почеток од 08.00 до околу 12.00 часот на место викано „Леково“ – прилепско, ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на резервниот состав на полицијата .
Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон односно во непосредна близина на стрелиштето.
