March 2, 2024

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сеуште е затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во период од 8.00 часот до 18.00 часот. Ќе биде затворена до 23.09.2023 поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), во рамки на проектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102“ .

Oд 11.9.2023 г. е воспоставен времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Учесниците во сообраќајот можат да ги добијат сите подетални информации на дежурен телефон: 02 / 25 61 502.


1011