Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно југозападен ветер. Во Повардарието и во Пелагонија ветерот ќе засилува и се очекува да биде од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.

До недела претпладне ќе се задржи сончево и топло време за овој дел од годината со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.


1232

Задолжително

Verified by MonsterInsights