ПРЕКРАСНО НЕПОЗНАТО – 44 интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаќи“

Со церемонија на доделување на награди и официјално отворање од денеска (23 септември ) до 29 септември во Битола се одржува најголемиот македонски филмски фестивал “ Браќа Манаќи“.
„Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски и Наум Доксевски како директор на фотографија (кинематрграферот) ќе го отвори 44 издание на фестивалот посветен на работата на луѓето зад филмската камера во Битола.
Проекцијата на овој филм е ќе се одвива во двете кино сали што ги има градот домаќин – киното во Центарот за култура и новото „Кино Манаки“. А е еден од филмовите во официјална конкуренција за наградите што традиционално се доделуваат : Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. И е втора во својот филмски живот, што започна на фестивалот во Венеција.
Годинава филмовите во својот наратив и фокус го имаат човекот, рече директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски на прес конференцијата во Битола, на два дена пред официјалниот старт на 44 издание.

„44. издание на „Браќа Манаки” навистина е голем… годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат со врвни режисери.
Освен со филмови, ова предјубилејно издание на Фестивалот изобилува и со настани и богата офф програма. Настани кои го зацврстуваат местото на Фетсивалот ( сосе градо и државата) на светската културна и филмско-фестивалска мапа.

,,На Фестивалот ќе се одржи тркалезна маса на шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците во професијата, Балканска конференција на кинематографери од која ќе произлезе Манифест, потоа сите кино-прикажувачи ќе потпишат Меморандум за да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината, следува проектот „Наследниците на Манаки“, каде најмалите се внесуваат во светот на филмот, снимаат филмови и ги прават првите чекори во оваа сфера. Годинава и амбасадите на Германија, Франција и Италија организираат вечери на нивната култура поврзани со филмовите кои ќе бидат прикажани на Фестивалот и авторите кои ќе бидат наши гости“, рече Дамевски на прес конференцијата во Битола, што традиционално претствува неофицијалниот старт на секој фестивал.
Лауреатите :

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм” со која оддава признание за исклучителен придонес во македонската кинематографија, годинава ѝ ја доделува на актерката и продуцентка Лабина Митевска.
Митевска шест години беше на чело на ИФФК „Браќа Манаки”, од 2009 до 2015 година, каде што максимално го вложи својот европски углед за унапредување на фестивалот, кој во тоа време беше домаќин на славни актерски имиња и директори на фотографија, како Жилиет Бинош, Изабел Ипер, Вилмош Жигмонд, Мики Манојловиќ и многу други. – стои во официјалната објава за оваа награда. За битолчани Лабина , Теона и Вук се луѓето заради кои фестивалот Браќа Манаќи успешно се префрли во 21 век.

Добитник на „Златна камера 300 за животно дело“ – животен опус е велшанецот Питер Бижу – кинематографер од Обединетото Кралство. Покрај Оскарот, богатиот опус на Питер Бижу го красат и БАФТА/BAFTA наградата во 1990 година, БСЦ/BSC во 1989 година, како и Наградата за животно дело на БСЦ во 2019 година.

Специјалната „Златна Камера 300 за посебен придонес во филмската уметност “ годинава оди во рацете на Шејмус Мекгарви, од Северна Ирска, носител на „Лимиер медал за придонес во уметноста на кинематографијата“, кој го доделува Кралското фотографско друштво.
„Годинава имаме двајца оскаровци, од кои едниот е овогодинешниот добитник на Оскар, Џејмс Френд, кој ни доаѓа во Битола. Другиот е добитникот на наградата за животен опус, Питер Бижу. „ На Западот ништо ново“ е неговиот филм кој годинава го доби Оскарот за фотографија. Шејмас Мекгарви е Ирец од Обединетото кралство, кој е најверојатно еден од петте најголеми имиња во светот на кинематограферите, денес. Номиниран за Оскар е и Лорен Шер , исто така кинематографер – Американец. “ – најави Дамевски.
