Традиционален шаховски турнир во забрзан шах
Шаховскиот клуб ‘ШАХ-ШЕХ’ од Битола на 15.10 2023 година, со почеток во 10 часот организира традиционален турнир во забрзан шах ШАХ-ШЕХ ‘Vavilon OPEN’.
На турнирот ќе учествуваат шахисти од сите градови и клубови во Македонија, како и шахисти од другите балкански држави. Соработката на ШК ‘ШАХ-ШЕХ’ со клубовите од соседните држави резултира со организирање на бројни турнири, во Битола, но и во соседна Грција.
Турнирот е рејтингуван и ќе се игра според правилата на FIDE во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег. Турнирот е од отворен карактер и право на учество има секој шахист. За условите за пријавување подетално можете да се информирате на Chess rezults mkd. На турнирот најавија учество и шахисти со висок рејтинг и меѓународни титули, велемајстори, интернационални и FIDE мајстори и други шахисти.

Од страна на организаторите се најавува и пригодна презентација на активностите на клубот, но и промоција на шаховска химна.
Сите заинтересирани за овој настан слободно може да дојдат на свеченото отварање на турнирот во Ресторанот Вавилон, но и да го пратат текот на турнирот, се разбира со почитување на редот кој се практикува за вакви настани.
Прогласувањето на победниците ќе биде извршено веднаш по завршувањето на турнирот.
