Хуманитарен концерт за Бобан
Почитувани Битолчани и хумани граѓани!
На 14.10.2023 Сабота (11:00-14:00 часот) на плоштад Магнолија ќе се оддржи хуманитарен концерт за нашиот Бобан. Да му помогнеме на овој млад живот и татко на две малолетни деца да се избори и излекува.
Во акцијата ни се приклучува и Кјк Букефал кои ќе ви овозможат возење со градски пајтон. Сите кои сакаат да искусат возење со пајтон, средствата кои ќе ги дадат ќе преминат за помош на Бобан.
Кон акцијата ќе се приклучи и ОО Црвен Крст- Битола
На концертот ќе настапат:
- Shabac
- Nala band
*Anastasija centar - Bitolski udiracki orkestar
- Stefanija Milevska Vranic
Голема благодарност и до Општина Битола која ни дозволи и помогна да го реализираме овој хуманитарен настан.
Голема благодарност и до сите хуманитарци кои помагаат и се дел од организаторската екипа.
Сите добронамерни граѓани кои не можат да присуствуваат, можат да донираат на сметките кои се објавени.
