ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН – 145 ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКОТО КРЕСНЕНСКО ВОСТАНИЕ
Во организација на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, ОМО ИЛИНДЕН и повеќе други македонски организации во Пиринскиот дел од Македонија, во Кресна се одржа традиционалното одбележување на 145 годишнината од Македонското Кресненско востание.
Македонците положија свежо цвеќе на споменикот посветен на Македонското Кресненско востание во градот Кресна. А, на колена им оддадоа почит со едноминутно молчење на сите жртви Македонци во Македонското Кресненско востание.



Говор пред присутните за вечен помен и спомен на Македонското Кресненско востание одржа копретседателот на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН, Стојко Стојков.
Чествувањето од Кресна продолжи во Стара Кресна и Оштава, каде исто така, беше положено свежо цвеќе на паметниците на Македонското Кресненско востание.



