April 25, 2024

Центарот за поддршка на жени и деца жртви на насилство ќе го финансираат три општини Битола, Могила, Новаци

Градоначалниците на општините Битола, Ресен, Новаци и Могила, потпишаа Меморандум за соработка за обезбедување на оддржливост преку финансиска поддршка на Регионалниот советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во дел од Пелагонискиот регион.


Со овој меморандум, општините се обрзуваат на активна насоченост кон подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство кои се наоѓаат на територија на општините делување во насока на подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и информации на локалното население за достапните услуги за заштита и поддршка на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство. Исто така, на овој начин општините ќе ја зголемат соработката со организациите кои работат на полето на унапредување на правата на жените и децата и преку јавни трибини, дебати, размена на искуства, а ќе се обезбеди и финансиска одржливост за непречно функционирање на Советувалишниот Центар во согласност со обврските кои произлегуваат од Истанбулската Конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

„За речиси една година во Центарот за поддршка во Битола вкупно 60 лица добиле услуги. Најчесто жртвите бараат психолошка помош и поддршка за жените во моментот на одлучување дали да побараат развод, заштита и психолошка помош за децата. Вакви центри за совет има и во Кавадарци, Тетово и во Скопје и тие многу добро функционираат. Свесноста дефинитивно се развива и тоа веќе не е табу-тема особено кај помладите генерации и жените се охрабруваат да побараат помош во центарот“ – вели Наташа Беќирова психотерапевт во Центарот за помош и поддршка на жртви на семејно насилство во Битола.


Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека општина Битола, преку своите програми, посветува посебно внимание на родовата еднаквост, додека преку програмата за еднакви можности, се поддржуваат активности на здруженија кои ставаат посебен акцент на родовата компонента.

Извор: Општина Битола


1138